Skip to main content

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Фото: Freepik

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг.

Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржала голем број пратки испратени по пошта.

Според Европол, 90 проценти од пратките пристигнале од Кина, при што покрај фалсификувани евра откриени се и американски долари, британски фунти и швајцарски франци.

Во шестмесечната акција на Европол, што траеше од јуни до ноември минатата година, откриени се 79 пакети со фалсификувани пари односно 223.000 фалсификувани банкноти. 

Поврзани вести