Skip to main content

ЕУ затегнува: Со аплауз помина одлуката за најстрогите правила за враќање мигранти

Freepik

Со аплауз во салата, Европскиот парламент го одобри почетокот на постапката за усвојување на новиот, построг план за враќање на мигрантите, отворајќи пат за една од најрестриктивните политики досега во областа на миграцијата.

Според гласањето, 389 пратеници биле „за“, додека 206 гласале „против“, по што одлуката беше поздравена со аплауз од дел од присутните во салата. Со тоа се дава зелено светло за започнување итни преговори за новиот Правилник за враќање.

Планот предвидува значително заострување на мерките, вклучително и можност за задржување на мигранти надвор од границите на Европската Унија до 24 месеци или подолго. Дополнително, се предвидува депортација во т.н. „безбедни трети земји“, дури и во случаи кога лицето никогаш претходно не престојувало таму.

Овој пакет мерки се оценува како најсилен обид на Европската Унија досега да се справи со нерегуларната миграција. Сепак, иако процесот е започнат, правилникот сè уште не е конечен закон и ќе биде предмет на дополнителни преговори меѓу европските институции.

Поврзани вести