Skip to main content

ЕУ и одзема на Унгарија една милјарда евра европски пари

Европската Унија и одзеде милијарда евра на Унгарија, наводно поради кршење на владеењето на правото.

Европската комисија инсистираше официјална Будимпешта да спроведе реформи во правниот систем, да ја интензивира борбата против корупцијата и да обезбеди независност на медиумите. Сепак, според Европската комисија, овие барања не се исполнети.

Унгарската влада, од своја страна, наведува дека сопирањето на средствата е самоволие на комисијата, бидејќи земјата ги исполнила сите неопходни услови за пристап до ресурсите на ЕУ.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека ќе стави вето на долгорочниот нацрт-буџет на ЕУ доколку на неговата емја не и се врати пристапот до замрзнатите средства.

Поврзани вести