
Цените на гасот во ЕУ треба да се зголемат за 50% за европските земји да можат успешно да се натпреваруваат со Азија на паарот за снабдување, се вели во анализа на „Голдман Сакс“.
Како што пренесува „Блумберг“, моменталната цена на гасот во ЕУ е 65 евра за MWh, највисоко ниво во последните пет месеци. Сепак, европските капацитети за складирање гас се полни само 51%, што е невообичаено ниско сезонско ниво, забележува „Голдман Сакс“.

Конфликтот на Блискиот Исток ги ограничи глобалните залихи на течен природен гас (ЛНГ) токму кога Европа вообичаено ги полни своите капацитети за складирање гас за зимата, период кога летните цени на гасот се обично релативно ниски. Но, не е така оваа година.
Без решение на конфликтот на повидок, европските цени на гасот би можеле да се зголемат за најмалку 50% до декември за да се натпреваруваат со Азија за снабдување со течен природен гас. Моменталните резерви на гас во Европа можеби нема да бидат доволни за да се преброди зимата, се вели во анализата.

Македонски



