Skip to main content

Во израелски напад во Појасот Газа загинаа четири лица, меѓу кои две деца

Freepik

Во израелски воздушен напад на северот од Појасот Газа утринава загина четиричлено семејство, вклучувајќи две деца, соопшти официјално лице од болницата Шифа во градот Газа.

Официјалното лице за палестинските медиуми изјави дека во израелскиот напад, кој погоди куќа во областа Беит Лахија, загинале деца на возраст од осум и 12 години. Израелската армија за Тајмс оф Израел соопшти дека ги испитува извештаите.

Палестинските медиуми одделно известија за напад во Кан Јунис на југот од Појасот Газа во кој биле ранети три лица, од кои две деца.

Израелската армија соопшти дека цел на нападот врз Кан Јунис бил „терорист“, како и дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна.(МИА)

Поврзани вести