Skip to main content

ЕУ и 24 земји бараат итни мерки за ставање крај на гладувањето во Газа

Фото: Printscreen/Guardian News

Европската унија, Велика Британија и Јапонија и други земји денеска побараа итен одговор за да се стави крај на гладувањето на палестинското население во Газа, каде што Израел е во војна речиси две години.

„Хуманитарното страдање во Газа достигна незамисливи нивоа. Луѓето гладуваат пред нашите очи“, објави ЕУ заедно со уште 24 други земји.

Канада и Австралија се меѓу потписниците кои го повикуваат Израел да „дозволи премин на сите конвои со хуманитарна помош на меѓународните невладини организации и да ги отстрани пречките што ги спречуваат хуманитарните работници да интервенираат“.

Соопштението го потпиша шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, со министрите за надворешни работи на 17 членки на ЕУ.

Поврзани вести