Skip to main content

Ердоган: Турција презема чекори за отстранување на тероризмот од регионот

facebook/Recep Tayyip Erdoğan
facebook/Recep Tayyip Erdoğan

Турција презеде чекор за отстранување на тероризмот од дневниот ред на земјата и на регионот преку својата иницијатива „Турција без тероризам“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, објави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на соопштение од Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

За време на телефонскиот разговор Ердоган изјави дека овие напори ќе продолжат решително.

Претседателот Ал Нахјан изјави дека иницијативата на Анкара за „Турција без тероризам“ значително ќе придонесе за регионалната безбедност и изрази желби за успешно завршување на процесот.

Ердоган, исто така, нагласи дека стратешкото партнерство меѓу Турција и ОАЕ дава позитивни резултати во сите области, истакнувајќи го големиот потенцијал меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија и новите технологии.

Турскиот претседател додаде дека официјална Анкара внимателно ги следи мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија, започнати во Абу Даби, и ќе продолжи да ги поддржува напорите за воспоставување траен мир на Кавказ.

Поврзани вести