Околу 3.800 престапници ослободени од затвор или осудени на општествено корисна работа во Велика Британија ќе бидат опремени со електронски алки на нога за да не пијат алкохол за време на празниците, соопшти владата во Лондон.
Овие уреди за следење, кои ги носат поединци на кои судот им наредил да се воздржат од алкохол, за прв пат беа користени во 2020 година.
Системот го мери нивото на алкохол во потта на една личност и ги предупредува судските службеници доколку тој што го носи консумирал алкохол.
Оваа година, меѓу Божиќ и Нова година, рекорден број луѓе ќе ги носат овие уреди и ќе им биде забрането да консумираат каков било вид алкохолни пијалаци.
Тажната реалност е дека криминалот поврзан со алкохолот, како што се семејното насилство и јавниот неред, го достигнува врвот на Божиќ и има разорно влијание врз нашите домови и градскките центри, изјави неименуван британски функционер.