Skip to main content

Еквадор во состојба на готовност поради заговор за напад на претседателот

dezalb-from-pixabay
dezalb-from-pixabay

Еквадор е во состојба на готовност поради наводен заговор за атентат против неодамна реизбраниот претседател Даниел Нобоа, соопштија властите на оваа латиноамериканска земја.

На социјалните мрежи неделава кружат протечени извештаи на военото разузнавање во кои се тврди дека атентатори кои влегуваат во Еквадор од Мексико и други земји планираат да извршат „терористички напади“ против шефот на државата.

Силно го осудуваме и отфрламе секој обид за убиство на претседателот на Републиката, државните власти или државните службеници, се вели во соопштението на Владата на Еквадор.

Еквадор е „во состојба на готовност“, се додава во соопштението, обвинувајќи ги „криминалните организации поврзани со политичките субјекти кои ги загубија изборите“ за наводниот обид за атентат.

Нобоа победи на претседателските избори на вториот круг од изборите во неделата, но неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес го обвини дека извршил „гротескна изборна измама“.