Skip to main content

Две деца загинаа во експлозија во станбена зграда во близина на Лион

Две деца загинаа во експлозија во станбена зграда во општината Трево, предградие на Лион, објавија локалните власти во понеделник вечерта, пренесува Експрес.

Според соопштението за медиумите од префектурата, експлозијата се случила на приземјето од четирикатната зграда; според првичните извештаи, уште пет лица кои биле повредени биле однесени во блиските болници. Двајца други жители, со полесни повреди, сами отишле во болница.

Според префектурата, скршени се прозорци во две соседни образовни институции, но нема пријавени повредени во училишните згради.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, според соопштението, во кое се појаснува дека префектурата воспоставила линија за психолошка поддршка за погодените.