
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека адвокатот Џон Коул ќе биде номиниран за специјален пратеник на САД во Белорусија.
Коул, познат по победата во првиот голем судски процес против тутунската индустрија, веќе успешно преговарал за ослободување на 100 заложници и моментално работи на ослободување на дополнителни 50, наведе Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social.
– Би сакал однапред да му се заблагодарам на многу почитуваниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко за разгледувањето на можноста за ослободување на дополнителни луѓе, истакна Трамп.

Македонски







