Skip to main content

„Демократите“ во Романија барале од газдата на Телеграм да им ги укине каналите на конзервативците

Facebook Pavel Durov
Facebook Pavel Durov

Основачот на апликацијата за пораки „Телеграм“, Павел Дуров, денес изјави дека го отфрлил барањето од една западна влада, чие име не го спомена, за „замолчување“ на конзервативните гласови во Романија пред вториот круг од претседателските избори, што се одржаа вчера во таа земја.

„Една западноевропска влада се обрати до Телеграм, барајќи од нас да ги замолчиме конзервативните гласови на предпретседателските избори во Романија. Јас категорично одбив“, напиша Дуров на Телеграм.

„Не можете да ја „браните демократијата“ со уништување на демократијата. Не можете да се „борите против мешањето во изборите“ со мешање во изборите. Или имате слобода на говор и фер избори – или немате. А романскиот народ ги заслужува и двете“, рече Дуров.

Поврзани вести