
Според непотврдени информации, турската влада предложила испраќање на припадници на приватната турска воена омапнија (ПМК) „САДАТ“ во Сомалија за да ги зајакне владините трупи во борбата против исламистичката група Ал Шабаб, која важи за блиска до Ал Каеда. Според информациите, минатата недела Сомалија побарала 3.000 војници на „САДАТ“ да ги бранат Могадишу и долината Шабел
Покрај борбените операции, „САДАТ“ ќе распореди дополнителен персонал за да обезбеди заштита на ракетната локација северно од Могадишу.
„САДАТ“ е приватен одбранбен изведувач со зголемено присуство во Африка, кој е специјализиран за воена обука и советодавни услуги. Неофицијално, овој турски ПМКе директно вклучен и во воените дејствија.
Целта на компанијата е „да му помогне на исламскиот свет да го заземе заслуженото место меѓу суперсилите“.
Се верува дека компанијата работи во следните земји: Сирија, Либија, Катар, Тунис, Сомалија, Етиопија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.