Skip to main content

Мицкоски: Воената помош од САД останува, соработката ќе се продлабочува

Воената помош што Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави останува, а соработката меѓу двете земји во одбраната ќе продолжи да се продлабочува, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

Одговарајќи на прашање за одлуката за намалување на дел од американската воена помош за четири европски држави, меѓу кои и Македонија, Мицкоски рече дека земјава е еден од најголемите корисници на воена помош од САД.

– Оваа одлука има друг мотив, за кој сега не би зборувал. Но, нашата соработка во рамките на воената индустрија и помошта што ја добиваме од САД остануваат и ќе се продлабочуваат – нагласи премиерот.

Мицкоски оцени дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД останува стабилно, како во рамките на НАТО, така и во областа на безбедноста, економијата и инвестициите.

Според него, американската администрација во Македонија и во актуелната Влада гледа близок пријател и партнер, не само во регионот туку и во Европа.

Премиерот посочи дека Македонија има важна геостратешка положба и дека инфраструктурните и енергетските проекти што се реализираат во земјава се значајни и за безбедноста и отпорноста на регионот, како и за источното крило на НАТО.

За време на престојот во Вашингтон, владината делегација остварила средби со конгресмени, претставници на финансиски институции и други американски структури, на кои била потврдена определбата за натамошно зајакнување на македонско-американското стратешко партнерство.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositnesinecasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbet