
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, верува дека неговиот соиграч Квича Кварацхелија ја заслужува Златната топка.
Грузискиот фудбалер претходно изјави дека ќе гласа за Дембеле за наградата.
-Квича го заслужува тоа. Имаше исклучителна сезона. И, според мене, тој е најдобриот играч на светот, изјави Дембеле за сајтот на Лига 1.
Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Тој го победи Шпанецот Ламин Јамал, кој заврши втор, со 321 поен разлика.
Церемонијата за доделување на „Златната топка 2026“ ќе се одржи во Лондон на 26 октомври.

Македонски


