Skip to main content

Дали нападот на резиденцијата на Путин ќе го урне мировниот договор за Украина

screenshot

Рускиот претседател Владимир Путин му кажа на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор по наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција, објави денеска Кремљ.

Според Кремљ, Путин го информирал Трамп за нападот за време на денешниот телефонски разговор и му рекол дека токму инцидентот довел до промена на ставот на Русија во мировните преговори.

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин нагласил дека Русија сè уште сака да соработува со САД за мировен договор, но дека нападот ја принудил Москва да ја преиспита својата преговарачка позиција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли обвинувањата на Москва дека Киев извршил напад врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ги уште една лага од Руската Федерација

Поврзани вести