Skip to main content

Дали најсилниот потрес тек следува: Земјотресот кој го вознемири Истанбул го разбуди стравот кај луѓето дека ќе се повтори разорниот потрес

Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер, кој вчера го затресе Истанбул, предизвика голема паника меѓу жителите на градот кој брои повеќе од 15 милиони жители.

Земјотресот беше толку силен што е почувствуван и во соседнните земји. Бројните последоватлени потреси од кои најсилниот бил 5,9 стпени ги вознемирил и туристите и граѓаните на Истанбул и околината.

На оваа тема за српската Курир телевизија од Турција се вклучи новинартот Јусуф Емин.

Ова беше долга ноќ за граѓаните на Истанбул. Вчерашниот земјотрес се почувствува секаде. Сите беа надвор цела ноќ. Од синоќа имаше 170 потреси. Среќа што вчера беше 23 април, национален празник, поради кој семејствата беа надвор од домовите. Кога се случи земјотресот немало многу луѓе во затворен простор, па паниката не се проширила толку- вели Емин.

Емин наведува дека пред две години се случила голема трагедија кога многу луѓе ги изгубија животите поради земјотресот кој го погоди Истанбул, па вели дека граѓаните се уште се под влијание на таа траума.

За жал од вчера гледам дека многу експерти зборуваат поинаку. Некои велат дека дека ова беше голем истанбулски земјотрес, додека други тврдат дека ова само е подготовка за голем земјотрес кој ќе биде до 7,2 степени по Рихтер, што би било посилно отколку оној пред две години – заклучува Емин.

Поврзани вести