
Собранието на Црна Гора усвои уставни амандмани со кои се укинува имунитетот на членовите на Владата за кривични дела поврзани со корупција. Амандманите беа поддржани од 62 пратеници, без гласови „против“ и без воздржани.
За усвојување на уставните амандмани беше потребно двотретинско мнозинство во Собранието.
Момо Копривица, потпретседател на Владата за правда, политички систем и борба против корупцијата, изјави дека правдата е витална општествена потреба, нагласувајќи дека ниту една земја не се развила без да се ослободи од корупцијата и да ја зајакне довербата во своите институции.
Според него, овие амандмани ги ставаат сите јавни функционери во рамноправна положба со останатите граѓани во однос на кривичноправната регулатива.
„Овие амандмани испраќаат силна порака за европската иднина на Црна Гора: корупцијата зад решетки и правдата како доминантна практика на институциите. Тоа е клучната цел и ова е патот кон правна сигурност“, рече Копривица.
На почетокот на септември, црногорското Собрание го усвои предлогот за измена на Уставот на Црна Гора, со што се укинува имунитетот на членовите на Владата за кривични дела поврзани со корупција.

Македонски


