
Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од дури 8,8 проценти, достигнувајќи цена од 112,19 долари за барел. Главната причина за овој тренд е ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и неможноста за непречен извоз преку клучниот Ормуски теснец.
Додека американскиот пазар бележи благ пад поради зголемените внатрешни залихи, Европа е во паника бидејќи е директно зависна од нафтата која доаѓа од овој кризен регион.
Од почетокот на годината, цената на нафтата во Лондон порасна за неверојатни 83 проценти. Доколку нарушувањето на извозот продолжи, аналитичарите на ’Сити’ предупредуваат дека барелот би можел да достигне и до 150 долари во наредните месеци“, пишуваат светските економски медиуми.
Трговците стравуваат дека енергетската инфраструктура ќе стане примарна цел на напади, што дополнително ја подгрева несигурноста на пазарот.

Македонски


