Skip to main content

Израелски медиуми: Целта на Турција е да ги ограничи активностите на Израел во Сирија

-timon-studler-on-unsplash

Како што пишуваат израелските медиуми, Израел е многу загрижен поради зајакнувањето на влијанието и позициите на Турција во Сирија и е вознемирен од појавата на турски воени бази во близина на границата.

Израел е особено загрижен поради намерата на Анкара да ја преземе воената база Т-4, што претставува сериозен проблем за Израел.

Доколку се воспостави турска воена воздухопловна база во Сирија, тоа ќе ја поткопа слободата на дејствување на Израел. Ова е потенцијална закана против која работиме“, изјави израелски безбедносен извор.

Сепак, како што пишуваат медиумите, Израел не е заинтересиран за директна воена конфронтација со Анкара.

Поврзани вести