Skip to main content
saneetYtalw

„Сирак“ од Ласло Немеш од 8 октомври во кината

Од 8 октомври, во кината пристигнува историската драма „Сирак“ (Arva), најновиот филм на унгарскиот режисер Ласло Немеш, авторот на наградуваниот „Son of Saul“.

Сместен во периодот по Унгарската револуција од 1956 година, „Сирак“ ја раскажува приказната за едно момче кое расте со својата мајка и со идеализираната слика за својот покоен татко. Неговиот свет се менува кога во нивниот живот се појавува суров човек кој тврди дека е неговиот вистински татко. Соочено со непознатата вистина и со свет во кој детството полека отстапува пред суровоста на реалноста, момчето е принудено да го преиспита сè што верувало дека го знае за своето семејство и за сопственото потекло.

Низ интимна и емотивно интензивна приказна, „Сирак“ отвора прашања за идентитетот, семејството, загубата и потрагата по вистината, истовремено пресликувајќи ја атмосферата на една од најтурбулентните страници од современата европска историја.

Во главните улоги се Bojtorján Barabas, Andrea Waskovics и Grégory Gadebois, а филмот е во режија на László Nemes.

„Сирак“ е копродукција на САД, Унгарија, Велика Британија, Франција, Кипар и Германија, со времетраење од 132 минути.