
Четири лица загинале, а неколку се повредени во серија лавини на северот од Италија.
Во алпскиот регион Валтелина, лавина погодила тројца скијачи, при што загинале двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загинале по едно лице.
Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво.
Имало инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однелае две лица од група од пет скијачи, но благодарение на опремата, тие успеале да се ослободат од снегот.
Сите инциденти се случија во денот што беше оценет како ден со висок ризик од лавини, а во сила беше предупредување од трето ниво од вкупно пет на европската скала за опасност од лавини.

Македонски



