
Вкупно осум држави се додадени на списокот на Форин-офис, со коешто се предупредуваат Британците за ризикот од труење со метанол, по зголемувањето на случаите на сериозни болести и смртни случаи предизвикани од алкохолни пијалаци загадени со метанол, објави „Скај њуз“ (Sky News). Новите земји на листата се: Мексико, Еквадор, Перу, Кенија, Јапонија, Нигерија, Уганда и Русија.
Како дел од кампањата „Патувајте свесно“, се објавени и информации за препознавање на симптомите и намалување на ризикот од труење со метанол. Министерот задолжен за конзуларни работи, Хамиш Фалконер изјави:
Труењето со метанол може да биде фатално – тешко е да се открие за време на пиењето, а раните симптоми наликуваат на обично труење со алкохол. Додека патниците ја сфатат опасноста, може да биде предоцна. Ги повикувам сите патници да ги проверат нашите совети за патување и страниците за кампањата „Патувајте свесно“ пред нивниот одмор.
Претходно, списокот на држави ги наведуваше Камбоџа, Индонезија, Турција, Костарика, Тајланд, Виетнам, Лаос и Фиџи.