Skip to main content

„Блумберг“: Велика Британија се подготвува да распореди војници во Украина

dariusz-sankowski-from-pixabay

Велика Британија се подготвува да распореди војници во Украина и спроведува воени вежби од големи размери за евентуален конфликт со Русија во балтичките држави, објави „Блумберг“.

Вежбите „Шумски чувар“, одржани во Латвија, беа најголемите за британската армија од 1990-тите. Учествуваа стотици војници, како и десетици експерти од одбранбени компании кои тестираа нови технологии во борбени услови.

Според агенцијата, следната странска мисија на британската војска би можело да биде испраќање контингент во Украина како дел од „коалиција на заинтересираните“. Министерот за одбрана Џон Хили изјави дека се подготвува пакет помош вреден „значително повеќе“ од 100 милиони фунти стерлинзи – за подготовка на инфраструктурата и распоредување на војници.

По распоредувањето во Украина, британските војници планираат да обучуваат украински војници подалеку од фронтовските линии, а морнарицата и воздухопловните сили ќе бидат ангажирани во морски и воздушни патроли.

Поврзани вести