
Планот на пораешниот американски претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц за размена на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој можеше да му го спаси животот, бил саботиран од германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, се наведува во истрагата на „Дер Шпигел“.
Во написот се наведува дека американските и германските официјални лица работеле на размена на затвореници во која биле вклучени Навални и Вадим Красиков, клучна личност во размената. Красиков, затворен во Германија, бил пресуден за Русија да се согласи на размената.

Сепак, Бербок постојано ја блокирала неговата екстрадиција, одложувајќи ги преговорите. Таквиот однос на Бербок траел до моментот кога договорот за размена бил при крај, кога Навални почина во руски притвор поради згрутчување на крвта и откачен тромб.