
Белгија од денеска ги враќа воените патроли на улиците поради растечките безбедносни закани, објавија локалните медиуми.
Предвидено е 200 војници да ги поддржуваат полициските тимови три месеци. Од јули, вкупниот број на патроли е планиран да биде ограничен на 90 војници. Слична мерка беше воведена по нападите во Брисел во март 2016 година.
Првично војниците ќе патролираат во Брисел, Антверпен и Лиеж, каде што неодамна беше нападната синагога. Главната задача ќе биде заштита на местата поврзани со еврејската заедница, како и борба против ширењето на дрога и криминалот. Војниците ќе бидат задолжени и за безбедноста во училиштата и на железнички станици и метрото.
Во оваа тешка безбедносна ситуација, државата мора да ја искористи целата своја моќ, изјави белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квентин.(МИА)

Македонски


