Skip to main content

Белата куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

Претседателот на САД Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс не беа поканети на погребната служба во Вашингтон денеска за поранешниот потпретседател Дик Чејни, соопшти официјален претставник на Белата куќа.

Поранешни американски лидери, пратеници и други достоинственици се собраа во Националната катедрала во главниот град на САД за да му оддадат почит на влијателниот и контроверзен поранешен потпретседател кој беше гласен противник на Трамп.

Меѓу гостите се поранешните претседатели Џо Бајден и Џорџ В. Буш, како и поранешните потпретседатели Камала Харис и Мајк Пенс, кои беа на функцијата во првиот мандат на Трамп.

Чејни е поранешен конгресмен од Вајоминг и поранешен министер за одбрана, кој беше главна сила зад американската инвазија на Ирак кога беше потпретседател во 2003 година. Почина на 84-годишна возраст на 3 ноември.

Чејни ги критикуваше лажните тврдења на Трамп дека победил на претседателските избори во 2020 година, како и нападот врз Капитолот од страна на поддржувачите на претседателот на 6 јануари 2021 година. Тој ја поддржа противничката на Трамп, демократката Камала Харис, на минатогодишните избори.

-Во 248-годишната историја на нашата земја, никогаш немало личност која била поголема закана за нашата Република од Доналд Трамп, рече Чејни.

Трамп сè уште не изразил сочувство до семејството на Чејни. Белата куќа неодамна соопшти дека е „свесна“ за смртта на Чејни. Знамињата во Белата куќа беа спуштени на половина копје.

„Моето сочувство е до Дик Чејни и неговото семејство“, рече Венс денеска на настан. „Очигледно постојат некои политички разлики таму“, додаде тој.

Поврзани вести