Skip to main content

Бела куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини

Фото: Freepik

Секоја земја која неправедно постапува кон САД треба да очекува да биде цел на дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави, како што ги нарече, сеопфатните, реципрочни царини.

„Секоја земја која неправедно постапувала кон американскиот народ треба да очекува дека во среда ќе добие царина како реципрочна мерка“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одбивајќи да даде дополнителни детали.

На прашањето дали ќе има исклучоци за земјоделците, таа рече дека „во овој момент нема исклучоци“.

Поврзани вести