Skip to main content

Бегајќи од смртта: 70% од мобилизираните војници во Украина дезертираат од центрите за обука пред да одат на фронтот

X/ZelenskyyUa

Бегајќи од смртта, 70% од гражаните мобилизирании за во украинските воени сили ги напуштаат центрите за обука пред да бидат испратени на фронтот.

Според Антон Чорни, инструктор на украинските вооружени сили, регрутите бегаат од центрите за обука дури и пред да ја завршат својата обука.

Тој наведува дека причините за дезертерство се суровоста и злоупотребата од страна на командантите. Чорни зборува за „неоснована манична агресија“ во центрите за обука:

▪️Пукање со воздушни пушки во лицето, удирање по телото и нозете.

▪️Речиси сите нови регрути не се волонтери, туку насилно мобилизирани лица.

▪️Луѓето ги насилно ги собираат на улиците, ги заклучуваат во гаражи без тоалети, а потоа ги испраќаат на фронтот без адекватна обука.

Во медиумите се тврди дека полицијата добива специфична исплата за секој припадник на таканаречена „жива стока“, што мќе го соберат и ќе го испратат во цнетрите за обука.

Кога ќе се собере потребниот број, тие брзо се обработуваат. Полицијата што ги донела добива некаков чек за нив“, вели Чорни.

Поврзани вести