
Aпелацискиот суд на САД времени ги врати речиси сите давачки воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, објави ДПА. Претходно, еден инстанца понизок суд ги стопираше давачките на американскиот лидер.
Исто така, трибуналот соопшти дека страните во процесот треба да достават дополнителни аргументи во однос на нивните гледишта.
Администрацијата на Трамп најави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Судот за меѓународна трговија во Њујорк, кој ги прогласи речиси сите давачки на претседателот за незаконски.