Skip to main content

Американски и сириски војници ранети во напад во Сирија – напаѓачот е убиен

amber-clay-from-pixabay

Најмалку четворица американски војници се ранети, некои од нив критично, кога непознат напаѓач отворил оган врз нивната патрола во централниот сириски град Палмира, вели американски функционер за Ројтерс.

Сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи безбедносен извор, објави дека двајца сириски војници се повредени и дека напаѓачот е убиен, без да даде други детали.

Бројот на ранети и сериозноста на нивните повреди може да се променат како што пристигнуваат повеќе информации, изјави американскиот функционер, кој зборувал под услов на анонимност.

Претходно, двајца сириски функционери изјавија дека бил нападнат конвој на сириските воени сили и американските сили од коалицијата предводена од САД, која се бори против терористичката „Исламска држава“.

Американската војска е стационирана во североисточна Сирија како дел од долгогодишните напори за помош на курдските сили во регионот.

Изворот за САНА изјави дека американски хеликоптери ги евакуирале повредените во американската база Ал-Танф во сирискиот регион во близина на ирачката граница.

Поврзани вести