
Американски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на Венецуела и поминале 40 минути во него.
Според интернет страницата „Флајтрадар“, американските авиони влегле во стратешки важна зона што ја користат рибарските бродови и танкерите што работат во рафинериите во државите Зулија и Фалкон.

Американските пилоти ја напуштиле зоната откако биле подолго време изложени на системите за воздушна одбрана. на Венецуела. Земјата во моментов користи руски системи за воздушна одбрана С-400 и Панцир, придружени со пресретнувачи.
Ваквиот потег на американското воздухопловство се смета за провокација во услови кога има се поголем притисок од САД врз јужноамериканската држава со зголемено американско присуство во регионот и почетоци на поморска и воздушна блокада врз Венецуела.

Македонски







