Skip to main content

Американски архив објави транскрипти од разговори меѓу Путин и Буш за Украина и НАТО од 2001, 2005 и 2008 година

Во Соединетите Американски Држави се декласификуваа транскриптите од разговорите меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и поранешниот американски претседател Џорџ Буш од 2001, 2005 и 2008 година, од страна на Архивата за национална безбедност на САД.

Во дел од нив, Путин и Буш дискутираат за Украина, НАТО и ставовите на Русија за идните односи со Западот.

Во 2001 година, Путин го предупредил Буш дека евентуалното членство на Украина во НАТО ќе „создаде поле на конфликт меѓу Русија и САД“ и ќе доведе до долгорочна конфронтација.

Путин ги предупреди лСАД дека Москва ќе се спротивстави на влезот на Украина во НАТО – вклучително и на одвојувањето од Киев на оние региони што се спротивставуваат на алијансата.

Зборувајќи за евентуалниот влез на Украина во НАТО, Путин рекол дека тоа ќе предизвика голем конфликт со Западот:

Би сакал да нагласам: пристапувањето на земја како Украина во НАТО ќе создаде долгорочно поле на конфликт за вас и за нас, долгорочна конфронтација“.

Путин го кажа следново за Украина:

Украина е многу сложена држава. Тоа не е нација формирана природно. Тоа е вештачка земја, создадена уште во советско време“.

Според Путин, Украина е „населена со луѓе со многу различни ставови“, а прашањето за членство во НАТО може да доведе до внатрешна поделба.

Со оглед на разликите во ставовите на различните слоеви на населението по прашањето за членство во НАТО, земјата би можела едноставно да се распадне“, се цитира Путин во документите.

Во тие разговори, Путин го нарекол чинот на согласност на Москва за распадот на СССР „тивок“.

Што всушност се случи? Советската добра волја го промени светот. Русија доброволно се откажа од илјадници квадратни километри територија – тивко“, вели Путин, споменувајќи ја Украина, Казахстан и Кавказ како територии од кои Русија се откажала со одлука на партиските лидери.

Дополнително, транскриптите од 2001 година покажуваат дека Путин дозволил можност за приближување на Русија кон НАТО. Тој изјавил дека Руската Федерација „се чувствува исклучена“ поради проширувањето на Алијансата, а потсетил и на барањето на СССР за приклучување кон НАТО во 1954 година и тврдел дека причините за одбивање од тоа време повеќе не се релевантни.

Објаснувајќи го својот став, Путин вели:

Украина е вештачки создадена, комплексна држава, формирана од териториите на соседните земји.

Во исто време, Путин нагласил дека една третина од населението на Украина се етнички Руси, а значаен дел од нејзиното население го перцепира НАТО како непријателска структура.

Рускиот претседател нагласил дека проширувањето на НАТО преку Украина ќе ја доближи воената инфраструктура на Алијансата до границите на Русија.

Во 2008 година, Путин јасно изјавил дека членството на Украина во НАТО е „црвена линија“ за Москва. Во тоа време, Путин предвидел конфликт меѓу САД и Русија, како и поделба на украинската држава.

Постои одреден прозападен и проруски дел. Во моментов, власта таму е во рацете на прозападните лидери. Штом дојдоа на власт создадоа раскол меѓу себе“.

Поврзани вести