Skip to main content

Aмериканците заробија уште еден танкер во Венецуела

САД денеска пресретнаа уште еден танкер во меѓународни води во близина на брегот на Венецуела. Тоа е втора операција за време на викендот односно трета за помалку од една недела.

Според неименувани извори, пресретнатиот танкер бил под меѓународни санкции.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела објави блокада на сите санкционирани танкери за нафта што патуваат кон или ја напуштаат Венецуела.

Како дел од кампањата на Трамп за притисок врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, САД го зголемија своето воено присуство во регионот и нападнаа над 20 бродови во Тихи Океан и Карипско Море, во близина на брегот на Венецуела, при што загинаа над сто луѓе.

Кампањата, како што тврди Вашингтон, е насочена кон бродовите што шверцуваат дрога. Трамп изминатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе нареди напад врз Венецуела, со цел да се пресретнат пакетите со дрога што се транспортираат по копнен пат.

Додека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро тврди дека целта на американската кампањата против наркокартелите е смена на режимот во Каракас и одземање на венецуелските нафтени полиња.

Поврзани вести