Skip to main content

„Аксиос“: Новата студена војна на Трамп со Европа

screenshot

Порталот „Аксиос“ објави статија за односите меѓу САД и ЕУ насловена „Новата студена војна на Трамп со Европа“.

Порталот пишува дека ситуацијата со казната од 120 милиони евра од страна на ЕУ, за наводно кршење на законот за дигитални услуги на социјалната мрежа „X“ долеала масло на огнот во недоразбирањата меѓу официјален Брисел и американскиот претседател Доналд Грамп.

Според „Аксиос“ ново жариште на тензии се појавило и поради мировниот план на Трамп за Украина, што беше отфрлен од Европјаните.

Во статијата се наведува дека „претседателот на САД влезе во отворена конфронтација со ЕУ“.

Стратегијата на Трамп, исто така, го доведува во прашање дали некои сојузници на ЕУ можат да останат сигурни членки на НАТО поради демографските промени и прогласува крај на перцепцијата за НАТО како постојано проширувачки сојуз“, пишува „Аксиос“.

Поврзани вести