Skip to main content

Акредитирани 2.000 новинари да го следат погребот на папата Франциск

Prinscreen/CNBC-TV18

Две илјади новинари од различни медиуми ширум светот се акредитирани да известуваат за настаните поврзани со поклонението и погребот на папата Франциск, јави АНСА. Тие се дополнување на 500-те новинари кои ги покриваат настаните поврзани со Ватикан за различни медиуми во светот.

За безбедноста за време на погребот се ангажирани околу 2.000 полицајци.

Во базиликата „Свети Петар“ денеска луѓето продолжуваат да му оддаваат почит на Папата.

Според органите на редот, на церемонијата за пренесување на ковчегот со телото на папата Франциск од резиденцијата „Санта Марта“ до базиликата, каде што поклонението ќе продолжи до петок до 19 часот по локално време, присуствувале околу 20.000 луѓе.

Еден час по завршувањето на богослужбата, во петок 20 часот ќе се одржи ритуалот на затворање на ковчегот на Папата, а него повторно ќе го предводи ватиканскиот коморник, кардиналот Кевин Фарел.

Поврзани вести