Skip to main content

Акциите на европската одбранбена индустрија паѓаат поради напорите на САД за мир во Украина

president.gov_.ua

Aкциите на компаниите од одбранбената индустрија во Европа паѓаат поради најновите за најави за напорите на САД за ставање крај на конфликтот во Украина, објави „Ројтерс“.

Акциите на компании, вклучувајќи ги германскиот „Рајнметал“ и шведскиот „Сааб“, паднаа помеѓу 4% и 7%.

Индексот на воздухопловство и одбрана STOXX падна на најниско ниво од септември 2025 година, се вели во статијата.

Една од причините што се наведува за ваквиот развој е можниот рамковен договор за прекин на огнот. Белата куќа очекува тој да биде договорен до крајот на месецот, забележа „Политико“.

Украинските медиуми објавија дека американската страна би можела да му го претстави планот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, за кој разговараат САД и Русија, веќе деновиве.

Поврзани вести