Skip to main content

Во скопската зоолошка градина починале две лами

Фејсбук профил на Стафан Кирков

Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот. Според него, поморот трае со години, а состојбата ја опишува како „вистински хорор“.

Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години , ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!

Пред 4 или 5 дена починале две Лами за кој неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза а пред само нешто повеќе од 1 месец исто така починаа две Лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!

Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.

Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно.

За ова како и за се претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара!

Данела Арсовска што уште ке му направиш на Скопје? пишува Кирков.