Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар, стои во партиското соопштение, што МИА го објавува интегрално.

Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.

Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.

Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони.

Македонија има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.

Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. За Аеродром да биде урбана и модерна општина, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести