Skip to main content

Усвоен буџетот на Општина Аеродром за 2026 година

Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром што МИА го пренесува интегрално. 

Вкупната финансиска рамка изнесува:

· Основен буџет: 1.302.567.000 денари

· Капитални инвестиции: 883.375.000 денари

Буџетот за 2026 година е насочен кон инвестиции што обезбедуваат вистинска грижа, подобар живот и еднакви можности за сите жители. Средствата се распределени во повеќе клучни области – образование, социјална заштита, култура, спорт, инфраструктура, урбан развој и заштита на животната средина.

Образование и грижа за најмладите

· Доградба на ООУ „Блаже Конески“

· Доградба на ООУ „Гоце Делчев“ – Горно Лисиче

· Доградба на градинка „Изворче“ – Стар Аеродром

· Изградба на нова градинка „Пчелка 1“ – населба Лисиче

· Проект „Униформа за секој ученик“

· Обезбедување таблет за сите ученици од четврто одделение

· Награда за наставник на годината

· Награда за ученик на годината

· Субвенции за талентирани ученици и спортисти

Социјална поддршка

· Финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новороденче

· Финансиска поддршка за првачиња

Култура, спорт и квалитетен живот

· Изградба на првиот мултифункционален центар – јадро на културата и забавата

· Изградба на нови спортски игралишта

· Изградба и уредување детски игралишта

· Поставување калистеника фитнес зони

· Нова урбана опрема во сите населени места

Инфраструктура и урбан развој

· Реконструкција на улици и пешачки површини:

o ул. „Симеон Кавракиров“ – Мичурин

o крак од бул. „3-та Македонска бригада“ (кај Метро)

o ул. „Лисец“ – Горно Лисиче

o краци на ул. „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“

o ул. „Богомилски Поход“

o ул. „Гаврил Константиновиќ“

o плочници во Ново Лисиче

· Реконструкција на ТЦ Населба Лисиче и плочник околу ТЦ „Три Бисери“

· Изградба на мост на патот Горно – Долно Лисиче

· Довршување на водоводните мрежи во Горно и Долно Лисиче

· Ново сообраќајно решение во Мичурин и Стар Аеродром за полесно движење на возилата, зголемен број паркинг-места и побезбедни пешачки и велосипедски патеки

Чиста и уредена општина

· Набавка на нова механизација за одржување на хигиената и зеленилото

· Униформи и заштитна опрема за комуналните работници

Буџетот за 2026 година претставува јасна определба за рамномерен развој, еднаква грижа и подобро секојдневие за сите граѓани. Општина Аеродром продолжува да инвестира одговорно и стратешки, градејќи општина во која децата растат во безбедна средина, младите добиваат нови можности, а секој граѓанин чувствува поддршка и грижа.

Општина Аеродром останува посветена на заедничката цел – Аеродром по мерка на секој жител и иднина исполнета со развој, можности и доверба.

Поврзани вести