
Основното училиште Лазо Трповски, во кое учел и Андреј Ѓоргиески од ДНК, објави дека ќе биде отворена Книга на жалост.
Со скршено срце и неизмерна тага заради огромната трагедија во Кочани, како и загубата на нашиот школски другар, сосед, пријател Андреј Ѓоргиески, отвораме книга на жалост.
Книгата на жалост ќе биде отворена на 20 март во 10:30 часот во Т.Ц. Лептокарија, на делот кој ние го нарекувавме „коцка“ и во кој ги поминавме најубавите години на смеа и дружење токму со Андреј.
Ве повикуваме сите, да бидеме заедно во тагата, како што бевме и во радоста, да го чуваме споменот на еден човек со огромно срце и несебична грижа за другите и послабите каков што беше Андреј.
Засекогаш твоите другари и другарки од основно и маало.
Почивај во мир школски🖤🕊 – стои во објавата