
Најавеното невреме попладнево го зафати западниот дел на Скопје, каде што силен дожд и ветер предизвикаа проблеми во повеќе населби. Според првичните информации, на одредени локации има и прекин на електричната енергија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно предупреди дека во попладневните часови се очекува нестабилно време со локални поројни врнежи, силен ветер и појава на грмежи.
Поради најавените временски непогоди, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а надлежните служби се ставени во состојба на целосна мобилност и се на терен, подготвени да интервенираат доколку се појават поголеми последици.

Македонски


