Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

 Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски имаат информации дека е криминалец, кој злоупотребува позиција и прави криминал со градби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош,

Во соопштението на Стејт Департментот кој го стави Јакимовски на црна листа стои:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

САД јасно констатираат дека Стевчо Јакимовски се мешал во јавни набавки со цел за себе и за неговите соработници да направи имотна корист. Или народски кажано Стевчо Јакимовски местел тендери.

Воедно САД укажуваат дека Јакимовски се мешал во урбаниот развој, или народски кажано правел ДУП-ови по желба на мафијата со цел лична корист.

Стевчо Јакимовски е криминалец парекселанс. Таков криминалец како Стевчо Јакимовски, кој е на црна листа на САД не може да ја води општина Карпош.

Поврзани вести