
Продолжуваме да ја позиционираме општина Кисела Вода како динамична и конкурентна средина за развој на локалната економија, вели во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајковска.
Таа посочи дека додека шетала на пазар во Кисела Вода имала искрени разговори и пријатно дружење со граѓаните!
Посебно ми е важно директно да го слушнам гласот на народот – нивните предлози, грижи и идеи.
Нашата цел е јасна: продолжуваме да ја позиционираме општина Кисела Вода како динамична, поддржувачка и конкурентна средина за развој на локалната економија.
Заедно можеме многу повеќе!, пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.