Skip to main content

Скопската Зоолошка градина ќе ги промовира активностите по повод 100 години од постоењето

Зоолошка градина Скопје денеска организира настан на кој ќе бидат промовирани активностите и проектите по повод 100 години Скопје ЗОО.

На настанот, кој е закажан за 11:00 часот, како што се наведува во соопштението на Скопје ЗОО, свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.

За најмалите посетители организаторот најавува едукативна и музичка програма исполнета со забава, учење и дружење.

Поврзани вести