Skip to main content

Што точно се гради кај булевар „Македонија“ и каде ќе се вози?

Почнува изградбата на првиот дел од булеварот „Македонија“, проект што треба конечно да ја стави во функција и првата подземна сообраќајница во Скопје.

Screenshot

Ова не е нов пат од нула, туку средување, проширување и поврзување на постоечките улици, за сообраќајот да тече побрзо и со помалку гужви.

Каде точно ќе се работи?

Ќе се работи на потегот:

од Рампа кај „Борис Трајковски“, по 11 Октомври, преку улица Пролет, до приклучокот кон булевар „Македонија“, каде што трасата продолжува кон следните фази.

Што ќе се прави на терен?

Ќе се преслече и поправи коловозот таму каде што е дотраен.
На неколку места ќе се прошират лентите, за да има повеќе простор за возила.
Улица Пролет ќе добие уште една лента, од полицијата до Тутунскиот комбинат.

Како ќе се вози?

Делот Пролет – Лимак и Лимак – Борис Трајковски ќе станат еднонасочни, за да нема сечење и заглавување.
Раскрсниците ќе се средат со островчиња за побезбедно вртење.
Кај 11 Октомври – Борис Трајковски ќе има нови семафори.

А што е со подземната сообраќајница?

Под земја веќе има изграден тунел, но не може да работи додека не се поврзе со сите делови од трасата. Кога сè ќе биде готово:

ќе има 6 ленти, 4 за автомобили, 2 за јавен превоз, плус пешачки патеки.

Идејата е дел од сообраќајот да оди под земја, а горе да има помал метеж.

Што следува понатаму?

Во наредните фази се планираат: кружен тек кај Нова Македонија, уште два кружни текови кај Железничка, проширување на Св. Кирил и Методиј.

Паралелно се прави и нова атмосферска канализација, со шахти и сливници, за да нема поплави при дождови.

Поврзани вести