Skip to main content

Се помалку се возиме во автобус, зошто е тоа така?

Во третото тримесечје од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници што е намалување за 6,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за  4,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 7,8, во меѓуградскиот за 8,6, а во меѓународниот превоз е намален за 12,5 отсто.

Вкупниот број на поминатите патнички километри, пак, е 292,038 милиони и е намален за 1,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. При тоа, во градскиот превоз е зголемен за 24,2 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 1,3 проценти, во меѓуградскиот превоз за 4,5, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2,8 проценти

Поврзани вести