
Вчера во Скопје се одржа четвртата по ред средба „Беломорски Видувања“ во организација на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија . Настан кој ги обединува македонците од Егејот и на кој беа присатни преставници на македонците и од сите соседни држави. Видувањата поминаа во одлична атмосфера, многу емоции, прегратки, па и по некоја солза споделија учесниците на овој настан кој оваа година беа над петстотини.

Средбата со свое присуство ја збогатија и поглаварот на МПЦ господин, господин Стефан, претседателот на МАНУ, проф. Живко Попов, министрите во владата на Република Македонија, Гордана Димитриеска Кочоска и Игор Филков, заменик министерот Ѓоко Велковски, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, Гордан Јорданов од Македонската Обединета Дијаспора, и уште голем број на општественици.

Собирот го поздрави координаторот на здруженијата Сотир Лукровски, кој во своето обраќање порача дека и покрај сите бариери со кои се соочуват, тие ќе продолжат да се враќаат на своите родни огништа на Егејот, и дека и покрај забраните и тие се само родољуби и не претставуваат опасност за никого.

Естрадните уметници Бојана Скендеровски, Сузана и Огнен Здравковски, “Оркестар Бравос”, Ансамбал “Јонче Христовски”кои со многу емоции и песна го оплеменија настанот кој беше во извонредна организација од секој аспект.