
Обилните врнежи од дожд направија Маркова река да се излее од своето корито во село Батинци, објави ТВ21.
Истото предизвика поплави на улиците, но и во дел од домовите.
Тешка механизација е на терен со цел враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти пак уверуваат дека нема опасност за населението.
видео: Фејсбук профил на ТВ21