Skip to main content

СДСМ исклучи од членство советник од Општина Карпош, гласал за избор на претседател на Советот спротивно на партиските одлуки

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови.  

Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници.

ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.

Поврзани вести